Репрезентациите на Јапонија и Холандија одиграа возбудлив натпревар во Далас во рамките на Светското првенство, кој заврши нерешено (2:2), но главната приказна на денот се одвиваше на трибините по последниот судиски свиреж.
Снимките од навивачи како шетаат меѓу седиштата со големи кеси и собираат шишиња и обвивки од храна брзо го преплавија интернетот.
After the game ended, Japanese fans stayed in the stadium to collect paper and waste.
Respect, Japan. 🇯🇵 pic.twitter.com/aB0WL2ZbAt
— World Cup 2026 (@ofootball__) June 14, 2026
На снимката што ја сподели ФИФА на официјалниот профил на мрежата Икс, една навивачка од Јапонија објасни зошто го прават тоа и рече: „Тоа е нашата култура, но истовремено е и знак на почит кон сè. Почит кон играчите, навивачите, но и кон стадионот. Почестени сме што сме тука и не сакаме да оставиме хаос зад нас“.
Вакви сцени не се новост кога станува збор за јапонските навивачи, затоа што и порано споделувале слични лекции за однесување.
The reason Japan fans clean the stadium after each game. Respect. 🤝🇯🇵 pic.twitter.com/o9qJUOLefY
— FIFA (@FIFAcom) June 15, 2026
Оваа практика е длабоко вкоренета во јапонската филозофија и изразот „вратете го местото во состојбата во која сте го нашле“.
„Јапонските спортски навивачи на светските настани кои го чистат стадионот се однесуваат на истиот начин на кој научиле да уживаат во спортот како ученици“, изјави за Асошиејтед прес, Коичи Накано, професор по политика и историја на престижниот универзитет „Софија“ во Токио.
Во Јапонија, оваа навика не се смета за исклучителен чин, туку за основна општествена одговорност на која децата систематски се учат уште од основно училиште, кога се должни да ја одржуваат чистотата во своите училници и училишни дворови.






