Малопродажната цена на бензинот евросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари за литар (ден./литар) и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар, а евросупер БС-98 поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден./литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден./литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден./литар, со што новата цена ќе биде 86,50 ден./литар.
Се намалува и малопродажната цена на мазутот за 1,074 ден./кг, кој сега ќе се продава по цена од 46,223 ден./кг.






