понеделник, 15 јуни 2026

Малолетник затекнат со моторна пила и исечени дрва кај Мирковци, исекол 70 дабови стебла

Шеснаесетгодишник од скопското село Блаце е лишен од слобода откако бил затекнат со моторна пила и исечени дрва на местото викано „Вражји вир“ на подрачјето на Мирковци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од полицијата, по претходна пријава и преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци и Одделението за криминалистички работи Чаир на 14 јуни околу 16 часот го затекнале малолетникот на местото на настанот.

На терен излегла и екипа на Шумската полиција, која констатирала дека во парцела сопственост на Ч.Х. биле исечени вкупно 70 дабови стебла.

Моторната пила и дрвата се одземени, за случајот е известен јавен обвинител, а дрвата ќе му бидат вратени на сопственикот на парцелата. Против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ