Тунис синоќа со 1-5 беше поразен од Шведска. Разочарувањето од Фудбалската федерација на оваа земја беше дотолку големо што веднаш му дадоа отказ на селекторот Ламуши.
Информациите велат дека раководството на федерација одржало состанок веднаш по натпреварот и едногласно одлучиле стратегот да биде сменет.
До крајот на натпреварувањето неговото место би требало да го преземе асистентот Вахби Казри, додека како можен иден селектор по завршувањето на Мундијалот се споменува Мондхер Кебаир.
Ламуши беше назначен за селектор во јануари оваа година. Тој го водеше Тунис на пет натпревари и оствари биланс од една победа, едно реми и три порази.






