петок, 19 јуни 2026

Сензација во Белата куќа: Гејчи го победи Топурија пред очите на Трамп (ВИДЕО)

Утринава се одржа посебниот УФЦ настан, локацијата беше Белата куќа, а еден од гледачите беше и американскиот претседател Доналд Трамп. Џастин Гејчи направи големо изненадување победувајќи го Илија Топурија во главната борба.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанецот со грузијско потекло, Илија Топурија важеше за огромен фаворит, дури и кога беше најавена борбата многумина тврдеа дека борбата нема да биде рамноправна и му е потребен посилен противник.

Но, Џастин Гејчи кој важи за американски патриот, очигледно дополнително мотивиран од локацијата на настанот, не само што победи, туку и го претепа Илија Топурија и му ја зема титулата.

Борбата беше прекината по четвртата рунда откако братот и тренер на Топурија го побара тоа. Илија претрпе многу штета на телото и едноставно не можеше да продолжи.

Во останатите борби Сирил Ган со нокаут го совлада АЛекс Периера. Со нокаут победи и Шон Омали против Аимен Захаби. Победи забележаа и Џош Хокит, Маурисио Руфи, Бо Никал и Диего Лопез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ