Резултатот беше отворен во 16. минута кога Ларин постигна гол за водство од 1-0. Веќе во 29. минута Дејвид погоди за 2-0.
Четири минути подоцна Катар влезе во поголеми проблеми откако Ал Амин заработи црвен картон.
Во судиското продолжение од првиот дел, Дејвид даде уште еден гол за веќе убедлива предност на Канада од 3-0.
По осум минути игра во второто полуврме Мадибо заработи црвен картон, Катар остана со двајца фудбалер помалку.
Десетина минути подоцна Салиба даде гол за 4-0, а во 75. минута Ал Манаи си постигна автогол за 5-0.
Во 92. минута Дејвид комплетираше хет-трик и ги постави конечните 6-0.
По две одиграни кола Канада има собрано четири бодови и веќе се пласира во нокаут фазата.






