Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови биле информирани дека „75-годишна странска државјанка била извлечена без знаци на живот од морската област Неа Каликратија во општина Неа Пропонтида, Халкидики“.
„Со амбулантно возило на брзата помош 75-годишната жена беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Мудања, каде што беше констатирана смртта“, информираа од грчката крајбрежна служба.
оттаму информираа дека надлежната управа која ја спроведува предистражната постапка ќе изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.






