четврток, 18 јуни 2026

Пепко пристигна во Скопје, наскоро и во Охрид и Струга

Денешниот ден го означува почетокот на новата ера на паметно купување во Македонија. Пепко (Pepco), водечкиот европски дисконтен ланец за разновидна стока, официјално ги отвори своите врати за македонските потрошувачи со истовремено отварање на две големи продавници во Скопје: во Капитол и во Рамстор мол.

Објавено на

часот

Сподели

Големото отворање беше одбележано со прес конференција на кој присуствуваа Хорхе Герваси (Jorge Gervasi), главен оперативен директор на Pepco за Јужна ЦИЕ и Западна Европа, Богдан Григориу (Bogdan Grigoriu), регионален директор за операции во Pepco, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, како и амбасадорот на Полска, Мариуш М. Бримора, претставници на медиумите и познати лајфстајл инфлуенсери.

Раководството на Pepco не само што го прослави влезот во Македонија како значаен 19-ти европски пазар за брендот, туку и ексклузивно откри дека ова е само почеток на нивното патување во земјава, со веќе потврдени нови продавници кои наскоро ќе се отворат во Охрид и Струга.

Pepco влегува на пазарот со јасна мисија: да го подобри секојдневието нудејќи им на семејствата сè што им е потребно на едно место – од модерни производи за домот и играчки, до облека со апсолутно најдобри цени на пазарот.

„Pepco е изграден на многу едноставна и моќна идеја: да ги направи секојдневните производи подостапни за семејствата и едноставно да го подобри нивниот квалитет на живот“, изјави Хорхе Герваси. „Нашиот бизнис модел се заснова на едноставност, дисциплина и големина, благодарение на мрежата од повеќе од 4.000 продавници ширум Европа. Денес опслужуваме околу 36 милиони потрошувачи месечно. Нашата визија е Европа во која квалитетните производи се на дофат на секое домаќинство, и со огромно задоволство го носиме ова ветување кај македонските семејства.“

Доаѓањето на Pepco ќе го раздвижи локалниот пазар на малопродажба, создавајќи нови работни места и нудејќи модерна и практична шопинг средина прилагодена на потребите на современото семејство.

„Горди сме што го носиме Pepco во Македонија како наш 19-ти пазар во Европа. И додека нашите први продавници се отвораат денес во Капитол мол и Рамстор мол, по нив брзо ќе следат и објектите во Охрид и Струга, со што ќе се означи вистинскиот почеток на нашата локална експанзија“, најави Богдан Григориу. „За нас, влезот на нов пазар значи градење долгорочна доверба, создавање локални тимови и поврзување со секојдневниот живот во заедниците каде што работиме.“

Настанот беше заокружен и со присуството на претставници од СОС Детско село, што ја потврдува посветеноста на Pepco кон општествената одговорност и поддршката на заедницата уште од самиот почеток.

Pepco е водечки паневропски дисконтен ланец за разновидни производи  со над 4.000 продавници во 18 земји, кој нуди облека за целото семејство, како и покуќнина и играчки по исклучително привлечни цени. Основана пред 22 години во Полска, компанијата денес е дел од Pepco Group. Pepco во моментов вработува над 32.000 луѓе и опслужува 36 милиони потрошувачи месечно.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ