- Првата комбинација носи баланс меѓу слатко и солено: пилешко месо, мед и сенф, со свежа зелена салата.
- Втората е похрабра – печен зеленчук со крем сирење и малку лимон за свежина.
- Третата комбинира зрело сирење, круша и ореви, за полн и заокружен вкус.
Денес, храната не е само оброк, таа е визуелен идентитет и искуство што се споделува. Вистинскиот луксуз веќе не е да излезеш некаде, туку тој урбан вајб да го пренесеш дома, по свој мерак и свои правила.
Жито Лукс го препознава овој тренд. Преку новата Selection линија и кампањата „Моја кујна, мој вајб, мои правила“, брендот им дава моќ на домашните шефови кои сега имаат можност во удобноста на својот дом да креираат вкусни ремек дела.

Зошто овој леб ја менува играта? Затоа што секое ремек-дело бара силна појдовна база. Со своите впечатливо подебели парчиња и густа, мека структура, новиот сендвич леб нуди вкус на кој никој неможе да му одолее. Кога ти си шеф, нема ограничувања, нема фиксни менија и нема чекање во ред. Најдоброто е она што е создадено со твој потпис.
Комерцијален текст






