среда, 17 јуни 2026

Седумдесет и петгодишен скопјанец пријавил напад по расправија за изнајмен стан во Карпош

Седумдесет и петгодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две лица по расправија поврзана со изнајмен стан на подрачјето на Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 16.06.2026 година во 01:30 часот во СВР Скопје, Б.Т. (75) од Скопје пријавил дека нападот се случил претходниот ден околу 16:00 часот.

Според пријавеното, тој заедно со својот внук дошол пред зградата каде имал под закуп стан, со намера да го раскине договорот за закуп. Таму бил пречекан од С.К., сопственик на станот, и А.Н., претставник на агенција за недвижности.

Во моментот додека ја отклучувал влезната врата, бил удрен по раката од С.К., по што му возвратил со метална прачка. Потоа, според пријавата, С.К. и А.Н. физички го нападнале.

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ