Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и ОО Црвен крст-Пробиштип денеска на петмина крвадорители им доделија телевизори во знак на признание за нивната хуманост и долгодишна посветеност. Од општина Пробиштип информираат дека денешниот настан е по повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството.
„Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес заедно со Црвениот крст – Пробиштип, им доделивме телевизори на петмина наши сограѓани – крводарители: Горан Моневски со 75 крводарувања, Коста Ташевски со 75 крводарувања, Драган Ѓорѓиев со 75 крводарувања, Горан Миленковски со 50 крводарувања и Ненад Павиќевиќ со 50 крводарувања“, соопштија од општина Пробиштип.
Градоначалникот Тоневски додаде дека хуманост, солидарност и подготвеност да се помогне се пример и гордост за целата општина.
„Благодарение на вас, но и на сите крводарители, многу семејства добиле надеж, а многу животи биле спасени“, посочи Тоневски.






