среда, 17 јуни 2026

Русија воведува ограничувања за дронови

Русија воведува ограничувања за летови за лесни приватни авиони и беспилотни летала во Москва и околните региони, поставувајќи минимален услов за висина на лет, објави денес агенцијата за воздушен сообраќај Росавиатсија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во последните месеци Русија редовно ги одбива нападите со украински беспилотни летала, особено оние насочени кон областите околу Москва. Според тие мерки, лесните и ултралесните авиони, како и беспилотните летала, ќе мора да летаат на висина од најмалку 5.200 метри, што е надвор од дофатот на повеќето вакви летала.

Ограничувањата ќе важат во Москва и Московскиот регион, а во помала мера и во регионите Рјазањ, Тула, Калуга, Твер, Јарослав и Владимир. Тие стапуваат на сила на 20 јуни. Редовните патнички и чартер летови ќе продолжат да работат нормално.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ