среда, 17 јуни 2026

Силекс, Шкендија и Вардар ги дознаа можните противници за КЛ

Денеска беше извршена ждрепка за второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, македонските претставници ги дознаа потенцијалните противници.

Објавено на

часот

Сподели

Силекс синоќа дозна дека во првото коло ќе игра против Динамо Минск, доколку помине, во второто квалификациско коло ќе се сретне со Нефчи од Азербејџан.

Шкендија во првото коло ќе игра против Европа од Гибралтар, а доколку го минат овој противник, ќе играат против Браво од Словенија.

Во втората квалификациска рунда може да биде и Вардар, тоа ќе се случи ако загуби од Купс во квалификациите од Лигата на шампионите. Во таков случај, црвено-црните за противник би го имале Арарат од Ерменија или Рига од Летонија.

Натпреварите од второто коло во КЛ се играат на 23 јули и 30 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ