Главната ѕвезда на Норвешка, Ерлинг Халанд, имаше старт од соништата на Светските првенства.
Тој го отвори синоќешниот меч со погодоци, даде гол во 29. минута за водство на Норвешка од 1-0.
Ирак успеа да изедначни, Хусеин стрелаше прецизно во 39. минута за 1-1, но овој резултат траеше само четири минути, тогаш Халанд повторно даде гол и ја врати предноста на Норвешка, овојпат од 2-1.
За следниот гол се чекаше до 76. минута кога по асистенција од Одегард, Остигард постигна погодок за 3-1. Веќе беше јасно кој ќе биде победникот.
Во шестата минута од судиското продолжение Хусеин си постигна автогол за конечен резултат од 4-1 за Норвешка.






