Со двата гола против Сенегал, напаѓачот на „триколорите“ стигна до бројката од 58 погодоци за националниот тим и се искачи на врвот на вечната листа на стрелци.
Мбапе го надмина досегашниот рекордер Оливие Жиру, а токму легендарниот напаѓач беше меѓу првите кои му упатија честитки за големиот успех.
„Честитки Килијан, успеа! Навистина сум среќен за него. Тој го заслужи тоа“, изјави Жиру.
Францускиот ас со години е главната фигура во националниот тим, а новиот рекорд е уште една потврда за неговата голема класа и константност.
Интересен е и податокот дека Мбапе досега има постигнато повеќе голови на Светските првенства од две фудбалски икони како Лионел Меси и Пеле, што дополнително ја нагласува неговата неверојатна ефикасност на најголемата фудбалска сцена.






