Денес, 33-годишниот дефанзивец е еден од хероите на Зеленортските Острови по историскиот бод против Шпанија (0-0) на нивното деби на Светско првенство.
Пресвртот во неговата кариера се случил во 2017 година кога добил професионален договор од Шамрок Роверс, но уште поневеројатен е патот до репрезентацијата. Тогашниот селектор Руи Агваш го контактирал преку LinkedIn откако дознал дека неговиот татко потекнува од Зеленортските Острови.
„Мислев дека е спам порака и ја игнорирав“, открива Лопес.
Дури девет месеци подоцна повторно добил порака, која овојпат ја превел преку Google Translate и сфатил дека станува збор за повик во националниот тим. Лопес дебитираше во 2019 година, а денес е незаменлив дел од репрезентацијата. Само неколку дена по историскиот пласман на Мундијалот, тој стана и татко, откако неговата сопруга Леа го роди синот Диего.
Против актуелниот европски шампион Шпанија беше меѓу најдобрите на теренот, а неговата блокада во 88. минута по ударот на Ојарсабал му донесе статус на херој кај навивачите на Зеленортските Острови.






