Египет беше подобар тим во првото полувреме, а таквата игра ја заокружи со гол на Ашур во 19. минута од натпреварот.
Вториот дел беше поинтересен, имаше повеќе шанси, но и во тие 45. минути беше постигнат само еден гол.
Лукаку влезе во 66. минута од мечот и по само неколку секунди игра Белгија израмни на 1-1. Напаѓачот не беше стрелец на голот, тоа беше автогол на Хани, но Белгиецот имаше главна улога за погодокот.
Се чини дека ремито е најзаслужен резултат на овој натпревар.






