понеделник, 15 јуни 2026

Сензација на СП: Дебитантот со „бункер“ се одбрани против Шпанија

Шпанија не успеа со победа да го отвори настапот на Светското првенство, откако одигра без голови (0-0) против дебитантот Зеленортски Острови во натпреварот од групата Х.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвената фурија“ беше подобар ривал и создаде повеќе можности, но не најде начин да го совлада расположениот Возиња. Голманот на аутсајдерот блескаше во првото полувреме кога ги запре обидите на Феран Торес, додека еднаш и пречката беше сојузник на неговата селекција.

Шпанците продолжија да напаѓаат и по паузата, а во игра влегоа и Ламин Јамал, Микел Мерино и Дани Олмо во обид да донесат пресврт. Сепак, Зеленортските Острови останаа цврсти во одбраната и успеаја да стигнат до историски бод на своето мундијалско деби.

Во следното коло Шпанија ќе игра против Саудиска Арабија, додека Зеленортските Острови ги очекува дуел со Уругвај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ