Пожарот избил во областа Буна и поради ветерот брзо се проширил на поголема површина со ниска вегетација и трева, зафаќајќи поширок појас кон населбата Ортијеш и околните области на јужната зона на Мостар.
Сите расположиви сили на Професионалната противпожарна служба на Мостар се на терен, а ситуацијата е дополнително влошена од временските услови и постојаната промена на насоката на ветерот, што го поттикнува ширењето на пожарот кон населените места.
Во контролирањето на пожарот се вклучени два ер-трактори кои Мостар ги ангажирал во текот на сезоната на пожари од компанијата Ер трактор од Осиек.
Во гасењето и одбраната на станбените згради учествуваат и жителите на Ортијеш, кои заедно со пожарникарите се обидуваат да спречат пожарот да стигне до куќите и инфраструктурата.
Поради пожарот и интервенцијата на терен, има застои и големи гужви на автопатот М-17, особено на делницата помеѓу населбите Буна и Ортијеш.






