Според информациите од полицијата, на 1 мај 2025 година пријавениот упатувал закани кон својот син, иако претходно од Основниот суд во Куманово му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство.
Од СВР Куманово посочуваат дека против него и претходно биле поднесувани пријави за семејно насилство, поради што судот донел решение за изрекување заштитни мерки.






