понеделник, 15 јуни 2026

Полна сала за светската премиера на „Руини“ на Елена Чемерска

Во рамките на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал, во Филм Арт Центар во Шангај, вчера премиерно беше прикажан филмот „Руини“. Проекцијата се одржа пред преполна сала и беше проследена со разговор со публиката, која со голем интерес ги сподели своите впечатоци за филмот, информираат од тимот на режисерката на филмот, Елена Чемерска. 

Објавено на

часот

Сподели

По проекцијата следеше средба со бројните посетители, кои ги поздравија авторите со долги аплаузи и интерес за фотографирање и автограми.

Филмот е во режија на Елена Чемерска, а продуценти се Иван Унковски, Ивана Шекуткоска и Елена Чемерска. Копродуценти се Оливер Сертиќ и Ивана Нацева, а извршен продуцент е Атанас Георгиев.

Кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата на Владимир Гојун и Горјан Атанасов. Композитор е Игор Василев Новоградска, дизајнер на звук на Лука Гамулин.

Филмот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм, Хрватскиот аудиовизуелен центар (ХАВЦ), РТВ Словенија и во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Хартефакт фонд.

„Руини” е копродукција помеѓу Синема Футура и Минимал колектив од Македонија, Рестарт од Хрватска и Потем од Словенија, во соработка со Филмтрик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ