Велат, во авион најважно е да останете смирени во вонредни ситуации. Добро е што меѓу патниците секогаш се наоѓа понекој што е подготвен да ја врши и работата на обезбедувач, и на кабински персонал, ако затреба.
Среќна околност е што сè завршило без повредени. Помалку среќна е околноста што количка тешка неколку десетици килограми воопшто можела да се откачи и да тргне кон патниците.
Можеби е време авиокомпаниите покрај демонстрацијата за сигурносниот појас да воведат и нова инструкција:
„Во случај кон вас да тргне количка со пијалаци, ве молиме останете смирени и пронајдете го најблискиот дефанзивец во авионот.“






