понеделник, 15 јуни 2026

Пронајден е и приведен сторителот кој денеска запали две возила пред Бугарската амбасада

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска во 12:13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото, информира МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

„При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ