Посебен повод за гордост е настапот на Илина Станојевска, која го освои првото место во својата категоријата и стана балкански првак.
Овој резултат е значаен за македонскиот триатлон, бидејќи доаѓа од најмладите категории. Тоа покажува дека Македонија има млади спортисти со голем потенцијал и дека триатлонот кај нас се развива во вистинска насока.
Одличен настап имаше и Јован Кутаноски, кој го освои второто место во категорија деца, со што уште еднаш се потврди дека Македонија има перспективна генерација млади триатлонци.
Одличен настап имаше и Андреј Лозаноски, кој се пласираше на 3. место во категоријата 13-14 години. Со тоа Македонија имаше уште еден претставник на подиумот.
Натпреварите се одржаа во атрактивен амбиент покрај Охридското Езеро, со старт и финиш во зоната на Buffalo Beach. Учесниците се натпреваруваа во спринт дистанца, која опфаќа 750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање.
Во елитната машка конкуренција, победата ја однесе Carol Popa од Романија, со време од 00:54:01. Второто место му припадна на Nicolaos Keramidas од Грција со 00:54:12, додека трет заврши Alexander Bozhilov од Бугарија со 00:54:25.
Во елитната женска конкуренција, најуспешна беше Mira Ivanova Georgieva од Бугарија. На подиумот се пласираа и Alice Perjoiu од Романија, која заврши со заостанување од 11 секунди, како и Tinkara Stres од Словенија, со заостанување од 24 секунди.
Балканското првенство во Охрид претставуваше значаен спортски настан за Македонија и за регионот, со силна меѓународна конкуренција и одлична организација. Настанот уште еднаш ја потврди позицијата на Охрид како атрактивна дестинација за спортски туризам и како град со потенцијал за организација на големи меѓународни спортски натпревари.
Организаторите изразуваат благодарност до сите натпреварувачи, тренери, волонтери, институции, партнери и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на првенството.
Победници – елитна конкуренција:
Elite Men
1. Carol Popa – Романија – 00:54:01
2. Nicolaos Keramidas – Грција – 00:54:12
3. Alexander Bozhilov – Бугарија – 00:54:25
Elite Women
1. Mira Ivanova Georgieva – Бугарија
2. Alice Perjoiu – Романија
3. Tinkara Stres – Словенија
Охрид и оваа година испратија силна порака: триатлонот расте, регионот има квалитетни спортисти, а Македонија има капацитет да биде домаќин на настани од високо меѓународно ниво.







