Стармер истакна дека социјалните мрежи ги прават децата несреќни, создаваат простор за вознемирување и злоставување и штетат на нивното ментално здравје. Тој ја нагласи и опасноста од штетната содржина на која се изложени децата. „Нема да правам компромиси во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, порача тој.
Тој објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да спречат децата да комуницираат со непознати лица. Тој додаде дека можноста некои деца да најдат начини да ја заобиколат забраната не треба да биде причина за нејзино напуштање.
„Ова ќе ги направи нашите деца посреќни. Ќе им дадеме повеќе време, повеќе безбедност, повеќе слобода да растат и повеќе можности. На крајот на краиштата, тоа е она за што се залага оваа влада“, заклучи британскиот премиер.






