Нов Зеланд фантастично го отвори натпреварот, Џаст погоди уште во седмата минута за водство од 1-0. Во 32. минута Резајан израмни на 1-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По девет минути игра во вториот дел Џаст пак донесе предност за Нов Зеланд, а десет минути подоцна Мохеби ги постави конечните 2-2.
Уругвај беше фаворит против Саудиска Арабија, но се спасуваше од пораз во финишот од мечот, дуелот заврши 1-1.
Саудиска Арабија поведе со гол на Ал Амри пред крајот од првиот дел, бод за Уругвај донесе Араухо во 80. минута.






