вторник, 16 јуни 2026

Сода бикарбона наместо пестициди ги спасува цвеќињата

Во свет каде што сè повеќе се нагласува органското производство и природната нега на растенијата, многу градинари и љубители на цвеќиња бараат алтернатива на агресивните хемиски пестициди.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Наместо индустриски препарати што можат да влијаат на почвата, корисните инсекти и долгорочната рамнотежа во градината, едноставните, евтини и лесно достапни решенија за домаќинството привлекуваат сè поголемо внимание. Едно од нив е сода бикарбона, состојка која се користи со децении во готвењето, медицината, чистењето и домашната нега, а која наоѓа примена и во градината како природно помагало во борбата против штетниците и растителните болести.

За да ги контролирате штетниците и да им помогнете на вашите растенија да цветаат поубаво, направете евтин органски спреј од сода бикарбона наместо токсични пестициди. На овој начин, ќе ги уништите инсектите што ги оштетуваат растенијата, како што се пајаците, без да им наштетите на корисните инсекти.

Сода бикарбона, која со векови се користи како прва помош за здравјето и убавината, при чистење на домот и за дезинфекција, може да се употреби и како помош во градината.

Измешајте една лажичка сода бикарбона, една третина од чаша маслиново масло и една чаша вода. Добро протресете ја оваа смеса за да се раствори содата, потоа ставете ја во шише со распрскувач и испрскајте ги вашите растенија.

Ако растенијата се нападнати од габички, прскајте ги со овој раствор на секои два дена сè додека не закрепнат. Овој спреј можете да го користите и на рози, винова лоза и грозје кога ќе се појави плодот.

За да ги одбиете инсектите, направете спреј од една лажица маслиново масло, една лажица сода бикарбона и неколку капки течен сапун, а потоа разредете ја смесата во 5 литри вода. Со оваа течност прскајте еднаш на секои три дена.

За да ги отстраните гасениците од листовите, измешајте еднакви количества сода бикарбона и брашно, па со таа мешавина посипете ги листовите на зеленчукот. Гасениците, кога ќе ја почувствуваат содата бикарбона, умираат истиот ден.

Ако имате проблем со мравки, можете да ги уништите во нивното гнездо со комбинација од сода бикарбона, шеќер и оцет. Едноставно ставете пет лажички шеќер во прав во сад и измешајте го со сода бикарбона. Не користете кристален шеќер, бидејќи мравките се доволно паметни да ги раздвојат зрната сода бикарбона од шеќерот.

Кога ќе ја изедат содатата измешана со шеќер, тоа ќе ги уништи.

За поубави цветови

Цвеќиња што успеваат само во алкална почва, како што хортензии, бегонии и гераниум, можете да ги поттикнете уште поубаво да цветаат со помош на сода бикарбона. Растворете малку сода во вода пред со неа да ги полеете цвеќињата.

Содата ги отстранува полжавите

Ако сакате да се ослободите од полжавите, не мора да користите хемикалии. Доволно е да посипете сода бикарбона директно врз полжавите и тие ќе угинат. Околу растенијата можете да направите заштитни кругови од сода бикарбона така што ќе ја посипете директно врз почвата.

За едноставно да ја намалите киселоста на почвата околу доматите, посипете сода бикарбона врз почвата. Ова ќе им даде на вашите домати сладок и полн вкус.

Доволно е да се измеша вода со сода бикарбона и малку морска сол (во 5 литри вода растворете една лажица сода бикарбона и една лажица морска сол). Со оваа комбинација наводнувајте растенија, грмушки, жива ограда и сè што сакате да цвета и расте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ