Ренар требаше да ја води Саудиска Арабија на Светското првенство, но доби отказ на два месеци пред почетокот на Мундијалот.
Сепак, судбината сакаше тој да биде дел од големиот турнир, доби повик од Тунис и од второто коло ќе седне на селекторското столче на оваа земја.
Ренар е многу познат стратег во африканскиот фудбал, со Саудиска Арабија на минатото првенство ја победи Аргентина. Во 2013 со Замбија стана сензационален африкански шампион, а две години подоцна ја предводеше и селекцијата на Брегот на Слоновата Коска до титулата. Во меѓувреме ги водеше и Лил, Мароко, женската репрезентација на Франција.






