Од Влен велат дека, за првпат, добиваат граѓаните, а не партиските интереси.
Според партијата, токму тоа е причината за реакциите на ДУИ и додаваат дека обидот автопатот да служи за индивидуални, а не за интересите на граѓаните, пропаднал. Оттаму посочуваат дека трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што очекувале да се збогатат од овој проект.
Од Влен наведуваат дека со години овој стратешки проект бил одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, велат од партијата, од него корист ќе имаат граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово.
Во соопштението се додава дека Влен не е во Владата за да штити приватни интереси, туку за да реализира проекти кои со децении се користеле само за политичка пропаганда. Според партијата, автопатот Скопје – Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборувале за развој и оние што го реализираат во пракса.
Од Влен оценуваат дека автопатот Скопје – Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи – 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување.






