Црвено-црните денеска ќе го добијат ривалот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Утрово УЕФА го скрати списокот, па Вардар ќе добие некој од: Шамрок (Ирска), Купс (Финска), Линколн (Гибралтар), Рига (Летонија), Флора Талин (Естонија), Ларне (С.Ирска), ТНС (Велс).
Првите мечеви од квалификациите се играат на 6/7 јули, реваншите се седум дена подоцна.
Вардар може да биде задоволен од кратењето со оглед на тоа дека ги избегна Борац Бања Лука, Кајрант, Универзитатеа..






