„Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност“, соопшти МФ.
Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.
„Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор“, стои во соопштението од МФ.






