вторник, 16 јуни 2026

Службеник од прилепската болница фотографирал туѓа картичка и потрошил над 90.000 денари преку интернет-трансакции

Четириесетгодишен прилепчанец, вработен како административен службеник на шалтер за наплата во Општата болница во Прилеп, е кривично пријавен под сомнение дека злоупотребил туѓа платежна картичка и извршил интернет-трансакции во вредност од над 90.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од СВР Битола, против И.С. (40) од Прилеп е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Според пријавата, на 13 октомври 2025 година, пријавениот фотографирал дебитна платежна картичка на едно лице од Прилеп, а во периодот од 26 октомври 2025 до 19 февруари 2026 година извршил вкупно 71 интернет-трансакција.

Со трансакциите, според полицијата, биле потрошени вкупно 90.174 денари од сметката на оштетеното лице.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ