вторник, 16 јуни 2026

Бебе најдено напуштено и оставено на клупа во Скопје

Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 19:30 часот во СВР – Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум – осум месеци.

Полициски службеници од СВР – Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош, бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди.

На разговор во полициска станица биле повикани неколку лица.

„По преземени мерки, во полициското одделение – Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот“, појаснија од МВР.

За настанот известен бил јавен обвинител. Од МВР додадоа дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ