вторник, 16 јуни 2026

Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Свети Николе

Педесет и петгодишен мопедист од Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, несреќата се случила околу 11:40 часот и во неа учествувале патничко возило фолксваген со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.Д. од Свети Николе, и мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш. (55) од Свети Николе.

Во несреќата тешко бил повреден мопедистот, а повредите му биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ