Тетовскиот состав имаше статус на носител во првото квалификациско коло и доби поволен противник, откако за ривал беше извлечен тимот на Европа од Гибралтар. Шкендија европската авантура ќе ја започне на гостински терен, а пласман во следната рунда ќе брка пред своите навивачи во реваншот што ќе се игра во Скопје.
Од друга страна, Силекс немаше улога на носител на ждрепката, но доби атрактивен противник во белорускиот Динамо Минск. Кратовци прво ќе гостуваат во првиот натпревар, додека реваншот ќе го одиграат на домашен терен, каде ќе се обидат да обезбедат продолжување на европскиот настап.
Според календарот на УЕФА, првите средби од воведното квалификациско коло во Конференциската лига се закажани за 9 јули, додека реванш дуелите ќе се одиграат една седмица подоцна, на 16 јули.






