вторник, 16 јуни 2026

Обвинителството бара притвор за осомничениот што ги запали возилата на бугарската амбасада во Скопје

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност.  Како што информираа оттаму, вчера околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, тој вчера излегол од дома, се качил во автобус и дошол во центарот на Скопје, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише.

Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот.

„Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката“,информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ