вторник, 16 јуни 2026

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

На територијата на државата денеска до 18 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Центарот за упраување со кризи  (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; Општина Кавадарци – село Шивец каде гори сува трева; и Општина Штип – село Долани.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Демир Хисар – градска депонија; Општина Кратово – село Железница (депонија).

Целосно изгаснати се пожарите во: Општина Битола – кај Католичките гробишта (сува трева); Општина Прилеп – село Мало Коњари (сува трева); Општина Прилеп – кај Средното училиште „Орде Чопела“ (ѓубре); Општина Теарце – село Непроштено (нива); Општина Гостивар – село Бањица (сува трева); Општина Гостивар – место викано Јавор, населба Питарница (сува трева); и Општина Гостивар – населба Малеадри (сува трева).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ