Токму затоа Нера кафе (NERA CAFFÈ) природно се вклопи во атмосферата на Project 7000, платформа што носи енергија, движење, музика и искуства на отворено. Брендот беше дел од првиот настан на Project 7000, каде беше пренесен духот на добрата енергија, спонтаните моменти и кафето што секаде го следи ритамот на публиката.

Од урбаните улици, преку периферијата на градот, па сè до природната средина во подножјето на Баба Планина, Нера кафе ја следи публиката таму каде што се случуваат најдобрите моменти. Токму таа слобода на движење е во сржта на брендот, добар вкус што не останува на едно место, туку патува со тебе, се вклопува во различни амбиенти и станува дел од секое искуство на отворено.
Оваа приказна продолжи и на актуелниот настан на Project 7000, „Протокол Мираж“, кој ја донесе истата идеја во нов амбиент, со нова публика и нова динамика. Во атмосфера исполнета со музика, дружење, отворен простор и постојано движење, Нера кафе повторно беше таму каде што најдобро припаѓа меѓу луѓе, во движење и во моментите што се живеат без прекин.

Концептот на NERA CAFFÈ е едноставен и современ: вкусно кафе што можеш да го понесеш со себе каде било. Без чекање, без комплицирање и без класичен ритуал што го запира денот. Наместо тоа, Нера носи слобода да бидеш надвор, на настан, во парк, на пат, на дневна журка или во секој момент кога сакаш добриот вкус да биде со тебе.
Со богат вкус на 100% вистинско кафе и совршено избалансирана млечна нота, Нера кафе нуди кремасто, ладно освежување што е секогаш подготвено да тргне со тебе. Практично, достапно и лесно за носење, тоа е кафе што не бара посебен повод, туку се вклопува во секој ритам на денот.
Присуството на NERA CAFFÈ на настаните на Project 7000 ја потврдува токму таа приказна: добриот вкус не мора да остане на едно место. Тој може да се движи со тебе, да биде дел од твојот вајб, твојата пауза, твојата дружба и твоето искуство.

Нера кафе е кафе за надвор, за во движење, за секој настан на отворено и кафе што не те запира, туку те следи.
NERA CAFFÈ – земи го со себе и уживај во својот вајб.
Комерцијален текст






