„Дебар сигурно чекори кон поуреден, пофункционален и поубав град, потврдувајќи дека вистинскиот развој започнува со почитување на јавниот простор и со одлуки што се во интерес на сите граѓани. Секако тоа благодарение на одличната соработка помеѓу општинските органи и граѓаните, при што ослободени се јавни површини кои беа зафатени со бесправно изградени објекти“, вели градоначалникот Фисник Меља.
Оценува дека токму дијалогот и соработката носат конкретни резултати, додавајќи дека на овие простори ќе се реализираат важни проекти за заедницата, како што се јавни паркинзи, тротоари, јавно осветлување и зелени површини, инвестиции што директно ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.

„Овој чекор претставува значаен исчекор кон воспоставување урбан ред и создавање услови за одржлив развој. Овој успех е резултат на нов пристап заснован на меѓусебно разбирање, одговорност и партнерство меѓу институциите и граѓаните. Тој покажува дека кога постои политичка волја и поддршка од заедницата, позитивните промени се не само можни, туку и видливи“, посочува тој.
Според Меља, Дебар сигурно чекори кон поуреден, пофункционален и поубав град, потврдувајќи дека вистинскиот развој започнува со почитување на јавниот простор и со одлуки што се во интерес на сите граѓани, порачувајќи дека „ заедно градиме поуреден, пофункционален и поубав Дебар за сите“.
МИА






