вторник, 16 јуни 2026

Црна Гора сè поблиску до влез во ЕУ

Црна Гора на меѓувладината конференција за пристапување во Луксембург затвори уште две поглавја од преговорите, што ја прави амбицијата на земјата да го заврши процесот на преговори до крајот на оваа година сè поверојатна за успех.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Подгорица ги затвори преговорите во поглавјата Слобода на движење на работниците и Заштита на потрошувачите и здравствената заштита, со што бројот на затворени поглавја се искачи на 16, што е речиси половина од 33-те поглавја за кои земјите-кандидатки преговараат со Европската Унија. Комесарката за проширување Марта Кос го пофали големиот напредок што Црна Гора го постигна во процесот на пристапување.

„Напредокот е навистина огромен, но сега фокусот мора да остане на зајакнување на столбовите на секоја успешна држава, а тоа се владеењето на правото, слободата на медиумите, демократските институции поддржани од зајакнато граѓанско општество и, секако, просперитетот“, кажа Кос, нагласувајќи дека е важно процесот на преговори да ги надмине партиските поделби и да се третира како национален приоритет.

„Видов дека единството расте, тоа е она што ни треба за да продолжиме да се движиме напред. Сите политички лидери мора да продолжат да наоѓаат заедничка основа за реформската агенда на ЕУ“, порача Кос.

Таа најави дека следната недела Комисијата ќе предложи финансиски пакет за Црна Гора, со кој би се прилагодил европскиот повеќегодишен буџет за уште една членка.

Кажа и дека проширувањето на ЕУ дури има поддршка и од папата Лео Четиринаесетти, повикувајќи се на неговата изјава од минатонеделната посета на Шпанија, каде кажа дека „европската интеграција не е само противтежа на другите сили, туку подарок за целото човештво“.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ истакна дека целта на неговата земја е да ги заврши преговорите до крајот на годината и Црна Гора да стане 28-ма членка во 2028 година е „амбициозна, но и изводлива“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ