вторник, 16 јуни 2026

Американски бомбардер Б-52 се урна во Калифорнија (ВИДЕО)

Американски бомбардер Б-52 „стратофортрес“ се урна вчера во Калифорнија кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс. Инцидентот се случил во 11:20 часот по локално време, а базата го потврди настанот, без да наведува дали има жртви, но се стравува дека нема преживеани во леталото. По падот, се создал огромен столб црн чад, видлив од километри, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Службите за итни случаи веднаш се испратени на местото на несреќата, а ситуацијата е во тек. Ќе објавиме повеќе информации штом ќе бидат достапни“, се вели во официјалното соопштение. Воздушните снимки покажуваат изгорена и зачадена област на местото на несреќата.

Боинг Б-52 „стратофортрес“ е во служба на американската војска од 1950-тите. Поради својот изглед, го носи прекарот „БАФ“, што е кратенка за „Голем грд дебел“. Станува збор за стратегиски бомбардер со долг дострел кој, меѓу другото, учествувал во бомбардирањето на Иран за време на последната американско-израелска војна против таа земја.

Ова летало може да лета на надморска височина до 15.000 метри, што е значително повисоко од комерцијалните авиони што летаат на околу 10.000 метри. Може да носи товар од околу 31 тон, што може да вклучува стотици конвенционални бомби или до 32 нуклеарни крстосувачки ракети. Способноста за полнење гориво во воздух му дава потенцијално неограничен опсег на дејствување.

Благодарение на неограничениот опсег, Б-52 го претставуваше „нуклеарниот чадор“ за Соединетите Американски Држави во ерата на меѓусебно гарантирано уништување за време на Студената војна. Екипажот на авион обично се состои од пет члена: командант, пилот, радарски навигатор, навигатор и офицер за електронско војување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ