„Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за 64 годишниот Н.М. од село Дебреше, вработен во Комуналец Гостивар. Според пријавеното, тој со колеги дошол на местото да го исчистат каналот на местото каде што имало канали за прибирање на проточни води, при што се заглавил во еден од каналите. Откако бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. На местото на настанот излегол и трудов инспектор, а увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено на обдукција“, информираа од МВР.






