Доколку македонскиот првак успешно ја мине првата пречка и го елиминира фински Купс, во следната рунда ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Сабах од Азербејџан и Њу Сеинтс од Велс.
„Црвено-црните“ важеа за носители во оваа фаза од ждрепката, па избегнаа неколку поквалитетни и позвучни европски екипи. Сепак, пред Вардар прво е задачата да го мине Купс и да обезбеди пласман во второто квалификациско коло. Првиот натпревар од оваа рунда е закажан за 22 или 23 јули, додека реваншот ќе се игра на 28 или 29
Во случај Вардар да не успее да го елиминира Купс, европскиот пат ќе го продолжи во квалификациите за Конференциската лига.






