Македонскиот првак најпрво треба да го мине фински Купс, но веќе денеска ќе добие јасна слика за можниот следен предизвик на европската сцена. Добра вест за „црвено-црните“ е што се наоѓаат меѓу носителите, па можат да добијат и поповолен противник од шампионите на Луксембург, Фарски Острови, Сан Марино, Северна Ирска, Летонија или Велс.
Во Вардар сигурно посакуваат да ги избегнат незгодните Архус и Мјалби, како и азербејџанскиот Сабах. Во оваа фаза не постои можност за дуел со посилни и позвучни ривали како Црвена Звезда, Динамо Загреб, Слован Братислава, Целје и Хапоел Бер Шева.

Доколку не успее да го елиминира Купс, Вардар ќе ги продолжи настапите во квалификациите за Конференциската лига, а потенцијалниот противник во тоа натпреварување ќе го дознае на ждрепката закажана за 14 часот.

Шкендија и Силекс денеска ќе ги дознаат потенцијалните ривали во второто квалификациско коло од Конференциската лига на ждрепката во Нион е закажана за 14:00 часот.
Двата македонски претставници ќе бидат меѓу носителите во оваа фаза. Шкендија најпрво ја очекува двомеч со претставникот на Гибралтар, додека Силекс ќе ги одмери силите со белоруски Динамо Минск.







