четврток, 18 јуни 2026

67 годишен маж пронајден починат покрај превртен трактор во ресенско

67-годишен жител на ресенското село Грнчари бил пронајден починат покрај превртен трактор на земјен пат во атарот на селото. Како што информираа од СВР Битола, случајот во ОВР Ресен бил пријавен завчера вечер околу 21:25 часот.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На местото на несреќата бил пронајден 67-годишниот Ф.К. од село Грнчари, кој лежел покрај превртениот трактор.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ