четврток, 18 јуни 2026

Израелската војска засега не се повлекува од југот на Либан

Израелската армија денес објави дека засега нема да ги повлече своите трупи од јужен Либан, каде што тврди дека се бори против милитантното движење Хезболах кое го поддржува Иран.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израелските сили се распоредени во Зоната на безбедност, околу 10 километри на територијата на Либан, поради оперативни потреби. Израелските војници ќе продолжат да ги елиминираат заканите и да ја зајакнуваат одбраната на жителите на северен Израел“, објави израелската армија на социјалната мрежа Икс.

На постот е прикачена и ажурирана мапа на „Зоната на безбедност“ во јужен Либан на постот.

Таа зона, во која се наоѓаат израелските трупи, се протега по целата граница меѓу Либан и Израел и се протега 10 километри длабоко во либанската територија.

Мапата покажува дека израелските трупи напредувале подлабоко откако во април беше објавена првата линија на одбрана, достигнувајќи до периферијата на градот Набатија.

Непосредните преговори меѓу Израел и Либан сè уште се во тек, а потенцијалното повлекување на израелската армија од јужен Либан се уште се разгледува.

Се очекува преговарачките тимови на двете земји повторно да се состанат следната недела.

Иран, во преговорите со Соединетите Американски Држави, со кои неодамна потпиша меморандум за разбирање за рамката за продолжување на преговорите, инсистира прекинот на непријателствата да ја вклучува израелската агресија во Либан.

Израелските власти објавија дека не учествуваат во американско-иранските преговори и дека Израел има право да се брани од прекугранични напади од страна на Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ