Јавното претпријатие Инфраструктура информира дека поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да сообраќаат возовите на релација Скопје – Гевгелија – 611 (6:20) и 631 (16:55), на релација Гевгелија – Скопје – 630 (4:30) и 632 (17:02), на релација Скопје – Битола – 641 (7:06) и 645 (20:05), на релација Битола – Скопје – 640 (3:10) и 644 (18:22), на релација Битола – Велес – 642 (12:46), на релација Велес-Битола – 643 (15:25), на релација Скопје – Велес – 2083 (22:40) и на релација Велес – Скопје – 600 (5:00).






