четврток, 18 јуни 2026

„Експериментален цртеж“ на ДЛУМ во Белград

Изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), реализирана на тема „Невидливи траги“, по својата премиера во Скопје ќе биде претставена и пред белградската публика, во македонскиот Културно-информативен центар во Белград.

Објавено на

часот

Сподели

Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во 20 часот, а пред присутните ќе се обратат претседателката на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска, претседателката на Уметничкиот совет на Друштвото, Маја Рауник Кирков, како и директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Како што соопштија од ДЛУМ, изложбата обединува дела на 42 уметници, членови на Друштвото, кои преку различни пристапи го разработуваат концептот на „невидливи траги“, надоврзувајќи се на поставката што во април беше изложена во Музејот на Град Скопје.

Станува збор за традиционална годишна изложба, која ДЛУМ ја организира по пат на јавен повик. Во последните години, авторите своите апликации со податоци и фотографии од делата ги доставуваат преку онлајн платформа, по што следува селекција од страна на Уметничкиот совет.

„Експериментален цртеж“ претставува платформа за современи уметнички истражувања во медиумот цртеж, отворајќи простор за иновативни пристапи и интерпретации.

Гостувањето на изложбата во Белград е реализирано со поддршка од Министерството за култура и туризам и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ