среда, 17 јуни 2026

Приватен авион се урна на автопат во Тексас, луѓе кршеле прозорци за да ги спасат патниците (ВИДЕО)

Десетина случајни минувачи и припадници на итните служби денес им притрчаа на помош на патниците заробени во приватен млазен авион кој се урна на автопат во Тексас. На снимките од местото на несреќата се гледа како со лопата и чекан ги кршат прозорците на остатоците од авионот за да им помогнат на патниците да излезат на безбедно.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Авионот летал од Лос Кабос во Мексико кон Остин, Тексас. „До аеродромот во Ларедо пријавил сериозни механички проблеми“, изјави за Њујорк тајмс директорот на аеродромот, Гилберто Санчез.

При падот на автопатот леталото удрило во едно возило, потврди истражителот на полицијата во Ларедо, Хозе Баеза, додавајќи дека не е јасно кој дел од авионот го погодил возилото.

Во авионот имало шест лица. Полицијата соопшти дека едно лице загинало, додека петтемината преживеани биле пренесени во болница и се наоѓаат во стабилна состојба.

Идентитетот на загинатото лице сè уште не е објавен. Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат густ чад и пламен што го зафатиле урнатиот авион.

Баеза додал дека на петмината припадници на итните служби им била укажана медицинска помош поради вдишување чад.

Несреќата се случила во близина на Меѓународниот аеродром Ларедо, околу 240 километри југозападно од Сан Антонио.

Поради падот на авионот и спроведувањето на увидот, главниот автопат Луп 20 е затворен. Баеза изјави дека се очекува автопатот да остане затворен за сообраќај и во текот на денот.

Во истрагата се вклучени Федералното истражно биро (ФБИ) и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ