Инцидентот се случил во време кога владата на Виктор Орбан, кој оттогаш ја изгуби власта, беше во конфликт со Киев, пишува Ројтерс.
🤦♂️🇭🇺🇺🇦 Even a video of the arrest of the collectors was posted… pic.twitter.com/w31JwqOF7a
— MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) March 6, 2026
Украинската Ошадбанка објави дека нивните вработени биле вклучени во рутинска операција што ја спроведуваат секоја недела од почетокот на руската инвазија на Украина. Новиот премиер Петер Маѓар, кој убедливо победи на изборите во април, денес на Фејсбук објави дека очекува државниот обвинител „да го реши проблемот без одложување“.
Орбан скептицизмот во врска со поддршката на Украина во војната со Русија го постави како централна точка на својата кампања, а неговата влада стави вето на новите санкции на Европската унија против Москва, како и на парите за Киев. Унгарија ги врати готовината и златото на Украина неколку дена пред инаугурацијата на Маѓар.






